„Левица“ со 1.229 амандмани го блокира внесувањето на етничката припадност во личната карта

Со поднесувањето на 1.229 амандмани од партијата „Левица“ денеска беше блокирана Комисиската расправа во македонскиот парламент на која требаше да се расправа за внесување на графата етничка припадност во личната карта. Расправата на Комисијата за политички систем не ни почна туку е одложена додека на албански јазик не се преведат поднесените амандмани од оваа опозициска партија.

 Измените се политички пазар меѓу дел од парламентарните партии со кои ќе настанат нови поделби по етничка основа. Очекувам предлогот да биде повлечен од собраниска процедура. Со поставувањето на етничката припадност, земјата оди против европските вредности. Само 20 земји во светот ја имаат графата за етничка припадност и религија во нивните лични документи, изјавија пратеник Борислав Крмов од Левица.

Предлачагачите на законот за изменување и дополнување на законот за лична карта по скратена постапка се група пратеници од Беса. Тие предлагаат во личната карта да биде запишана и етничката припадност преку допрецизиерање на членот 5 став 2 од законот со кој се утврдуваат податоците што треба да ги содржи образецот на личната карта

Внесувањето на етничката припадност во личната карта е барање на БЕСА старо неколку години. Ја има поддршката од ДУИ, која го смета за дел од договорот за уставните измени, но и од Алијанса-Алтернатива. Стана дел од договорот на Владата предводена од Зоран Заев и движењето БЕСА уште на 11 јануари 2019, кога тоа беше објавено преку заедничко соопштение.

Претходна вестВакцините од Србија ќе ги добиеме на два пати по 4.000 дози
Следна вестКовид-19 во 24 часа: Пет починати и 367 нови заразени, од кои 167 во Скопје