„Либертанго“ од Астор Пјацола во МОБ

Вечерва во МОБ ќе биде изведена балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, со почеток во 20 часот. Претставата ќе ги задоволи љубителите на тангото оти раскажува за неговиот пат и создавање.
– Уличен танц што го достигнува врвот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена, соопшти МОБ.
Режисер и либретист е Наташа Поплавска, кореограф Сабрина Боско од Италија, а сценограф и костимограф Александар Ношпал. Настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска-Шокаровска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Марија Јосифовска-Ристовска, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев, Ендру Кук, Марко Здравковски, Драган Кочоски, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и бале