Лидерите на милитантните групи се координираат за да извојуваат победа над Израел

Според либанските медиуми, лидерите на Хезболах, Хамас, Исламски џихад и други милитантни групи седнале на иста маса за да видат што треба да направат понатаму, да ги координираат своите активности со цел да извојуваат победа над Израел. Телевизијата „Ал Манар“, која е во сопственост на Хезболах објави дека Хасан Насрала и милитантните водачи процениле какви чекори мора да преземе „оската на отпорот“ за да „постигне вистинска победа“ во Газа.

Палестинската организација „Исламски џихад“ е втората по големина милитантна организација, по Хамас која се наоѓа во Газа.

Целиот свет стравува од ширење на конфликти на Блискиот Исток, а главното прашање е дали Хезболах директно ќе интервенира во војната меѓу Израел и Хамас.

Движењето Хезболах, кое е поддржано од Иран, има блиски врски со Хамас. Херзболах се закани со жестоки напади доколку Израел започне копнена инвазија на Појасот Газа како дел од одмаздата која ја најави за нападот на Хамас изведен на 7 октомври во јужен Израел.

 

Претходна вестУбаво – корисно: Калин Ивановски тренира заедно со Новак Ѓоковиќ
Следна вестСекој ден само ќе бројат колку пожари изгаснале, а пироманите утре ќе потпалат други?