Лина Ѓорческа мечевите во квалификациите за првиот гран- слем турнир во 2024 година, Австралија опен во Мелбурн ќе ги започне на 8 јануари. Ѓорческа (29), најдобрата македоска тенисерка, по втор пат ќе настапи во квалификациите за Австралија опен.
Во 2017 година таа стигна до третото коло. Во квалификациите треба да настапат по 128 тенисер(к)и кои ќе треба да одиграат три кола по што 16-те најдобри во двете конкуренции ќе се пласираат на главниот турнир. Австралија опен 2024-та ќе почне на 14 јанаури и за првпат ќе трае 15 дена, до 28 јануари.
Ѓорческа годинава ја заврши на 213 позиција во поединечна конкуренција на ВТА листата.