Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

21

Денеска околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово.

Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираа од полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЈОРСМ: По јавната реакција на Ивановска и е дадена можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите
Следна вестПожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК