Темно Режим Светло Режим

Лишен од слобода возач на патот Гостивар-Кичево, со „бмв“ престигнувал колона возила во непрегледна кривина

На 20.09.2025 во 17:30 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, на магистралниот пат Гостивар- Кичево го лишиле од слобода Б.Р.(32) од с.Форино, кој со неговото патничко возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, престигнувал колона од возила во непрегледна кривина.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.

Претходниот Пост

Пијани возеле скутер па излетале од патот, едно момче заврши во болница

Следниот Пост

Делегација на МЕРМС во стручна посета на рудникот „Ада Тепе“ во Крумовград – пример за современо и одговорно рударство