Темен режим Режим на светлина

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул.

„Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопје може да здивне – градоначалничкиот мандат на Арсовска завршува

Следна објава

Од денес во Собранието нови тројца пратеници - ги заменуваат новите градоначалници