Лишен од слобода возачот кој удри мотоцикл на „Џон Кенеди“ во Скопје

26

Полицијата уапсила возач од Скопје, кој вчера се судрил со мотоцикл, а во несреќата мотоциклистот завршил со тешки телесни повреди. Според информацијата од Министерството за внатрешни работи, синоќа на полноќ на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Визбегово.

Претходниот деn било пријавено дека на истата улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

-По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка, посочуваат од МВР.

Претходна вестСобрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани
Следна вестСпасовски за законот за Кочани: Мора да покажеме солидарност со родителите