Лице со церебрална парализа не успеало да влезе со куче придружник во автобус

На лице со церебрална парализа денеска не му било дозволено да влезе во автобус на ЈСП со своето куче придружник. Оваа информација тој ја објавил на својот Фејсбук профил, откако пред само неколку дена ЈСП објави дека со цел да им го олесни животот на овие лица ќе дозволи да се возат со своите миленици во јавниот превоз.
Веднаш реагираа од ЈСП, сметаат дека нивната внатрешна контрола ќе покаже дали возачот на автобусот го направил тоа, од кои причини, па ако се констатира прекршување, тој ќе биде соодветно казнет.
Претпријатието пред неколку дена ја најави оваа новина, која се очекува да го олесни животот на овие луѓе. Но нема објаснување каде ќе стојат кучињата, и што доколку на останатите патници им пречи или се плашат од нив.