Брентфорд успеа да го победи Ливерпул со резултат 3:2, при што англискиот шампион не успеа да се избори со ефикасноста на домаќинот.
Првиот гол го постигна Данго Аутара во 5. минута, отварајќи го резултатот на 1:0. Пред крајот на првото полувреме, во 45. минута, Кевин Шаде донесе водство од 2:0 за Брентфорд. Ливерпул преку Керкез намали на 2:1 во петтата минута од судиското надополнување.
Во продолжението на мечот, Игор Тиаго од пенал зголеми на 3:1, додека Мо Салах постигна гол во 89. минута за конечни 3:2.
Со оваа победа, Брентфорд се искачи на 10. место со 13 бода, додека Ливерпул останува на 6. позиција со 15 бода.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



