Лиза Жерар и „Бугарките“ вечерва во Македонска филхармонија

Вечерва, во Македонската филхармонија љубителите на убавиот звук ќе можат да уживаат во долгонајавуваните Лиза Жерар, пејачката на Dead can dance (Мртвите можат да танцуваат) и „Бугарките“ или The Mystery Of The Bulgarian Voices (Мистеријата на бугарските гласови). Последниве се добитничките на престижната Греми награда кои македонската публика долго време чекаше да ги чуе и види.
-Тие се сè што некогаш сум го посакувала од музиката. Нивното пеење едноставно може да ве натера да плачете од радост. Тоа е прекрасно. Тоа е она што мене ме поттикна да им пријдам кога прв пат ги слушнав. Чувствував чиста радост, чиста убавина. Зошто не би сакала да и се вратам на светлината повторно? Го обожавам тоа што тие во своите гласови имаат најмногу ангелски созвучја што било каде и било кога сум ги чула во животот. А, сепак се само обични жени. Не одат околу со филозофски констатации за тоа што е ова или она … но кога пеат ти го кршат срцето од убавина. И, тие се веројатно креативно најнемирните личности што некогаш сум ги сретнала. Нема што тука да се објаснува освен гордо да се исправите со нив на сцена и да почнете да пеете. Фантастично, вели Лиза Жерар за „Бугарките“, како што публиката љуби да ни нарекува.