Љубљана ќе му помогне на Скопје во модернизација и европски проекти

50

Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје. Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, истакна Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје.

„Посебен акцент ставивме на најголемите предизвици со кои се соочува нашиот град – јавниот превоз и чистотата. Градоначалникот Јанковиќ ни даде ветување дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана поддршка за Скопје, но не само во овие сфери, туку и во секоја област во која ќе побараме помош“, истакна Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Засега седум кандидати во трката за градоначалник на Скопје
Следна вестШукова: Време е да ги издигнеме Скопје и Бутел од калта