Љупчо Коцевски – Државниот јавен обвинител поднесе оставка

13

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски преку итен допис до Собранието поднесе оставка пред мнозинството да го разреши.

Претходно, Владата достави предлог за разрешување на Коцевски, во кој како причини се наведуваат, како што се посочува, сторени сериозни професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети со што, според Владата, била повредена законската обврска за заштита на тајноста на постапката, како и нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед.

Во предлогот се наведува и дека Коцевски не постапувал согласно обврските утврдени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестШироката дебата по новиот Изборен законик по 11 јануари, во Собранието се формира работна група
Следна вестПлатформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата