Локализиран пожарот кај селото Фурка, во земјата има уште активни жаришта

Конечно пожарот кај село Фурка е локализиран. Пожарникарите тоа го сториле синоќа во 19.00 часот. На теренот се останати екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според денешните информации, ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи.

Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.

По дојава, за пожар во местото од Куманово на кај Скопје по стариот пат, конкретно кај с.Никуштак известени се: ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации од ЦУК најавуваат по пристигнување на екипите на терен.

Пожар има и кај с.Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК.

Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во с. Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа. Од 20.45 часот ТППЕ Кичево со две противпожарни возила и осум пожарникари е на интервенција на пожарот.

Фото: архива

Претходна вестСончево и топло, попладне можни се грмежи и пороен дожд
Следна вестВладата виде ли што решително направи скопското комунално претпријатие?