Темно Режим Светло Режим

Лоши вести за Реал: Мбапе паузира поради повреда на коленото

Лоши вести за Реал: Мбапе паузира поради повреда на коленото Лоши вести за Реал: Мбапе паузира поради повреда на коленото

Реал Мадрид ќе мора привремено да игра без својата најголема ѕвезда, откако Килијан Мбапе заработи повреда на коленото поради која ќе паузира околу две недели. Францускиот напаѓач веќе го пропушти реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Бенфика, а нема да биде во составот ниту за претстојните дуели во Ла Лига против Хетафе на домашен терен и Селта на гости.

Во таборот на „кралевите“ главната цел е Мбапе целосно да се рехабилитира и да биде подготвен за првиот меч против Манчестер Сити во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, закажан за 10 март на „Сантијаго Бернабеу“.

Очекуваното соочување меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити и оваа сезона се најавува како едно од најатрактивните во елитното европско натпреварување.

Претходниот Пост
(Видео) Гори пристаништето Џебел Али во Дубаи, жителите известуваат за серија експлозии

(Видео) Гори пристаништето Џебел Али во Дубаи, жителите известуваат за серија експлозии

Следниот Пост
Светското првенство без Иран? Федерацијата со песимистичка најава по војната на Блискиот исток

Светското првенство без Иран? Федерацијата со песимистичка најава по војната на Блискиот исток