Лука најчесто име кај новороденчињата, чести биле и Јана и Софија  

Името Лука било најзастапено име кај новороденчињата во минатата година, а потоа се Јана и Софија. Кај машките бебиња родителите во 213 случаи решиле да им го дадат името Лука, а Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња. Според Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски. Според месецот на раѓање, најголем број дечиња се родени во јули – дури 1 735.

Според последните податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година меѓу најпопуларните имиња кај новородените женски бебиња се Јана, Софија, Ана, Мила, Хана, Бисера, Мелек, Алина…, додека кај машките деца најчести имиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко, Ајан, Амар, Хамза….

Како специфични имиња кои родителите им ги даваа на своите новороденчиња се Аника, Инара, Асја, Бора, Дуа, Олег, Јан, Тиар и Арт.

 

Претходна вестИзгаснат пожарот кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“, ќе се најде ли решение за напуштениот објект?
Следна вестСкопје без традиционалната новогодишна прослава, музичарите сами организираат забава на Плоштадот