Лукашенко: Ќе има нуклеарно оружје за сите што ќе се приклучат на унијата на Русија и Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека „има нуклеарно оружје“ за сите земји кои би сакале да се приклучат на унијата на Русија и Белорусија, пренесе „Ројтерс“. Тој нагласил дека тоа е негов став, а не на Русија.

– Никој не е против фактот Казахстан и другите земји да имаат исти блиски односи како што ги имаме ние со Руската Федерација. Ако некој е загрижен, работата е многу едноставна: Нека се приклучи на сојузот на државите Белорусија и Русија, и тоа е се. Ќе има нуклеарно оружје за сите, рече Лукашенко, додавајќи дека тоа е негов став, а не на Русија.

Во интервју емитувано на руската државна телевизија, Лукашенко, најголемиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека мора да се разбере дека Минск и Москва имаат единствена можност да се обединат.

Претходна вестПесочнo земјиште во Дубаи продадено за 32 милиони евра
Следна вестСообраќајка во Битола, се судриле две возила, па потоа удриле во други три паркирани автомобили