Маалско куче убиено со огнено оружје среде Карпош

Шокантен случај на убивање на бездомно животно со огнено оружје во скопската општина Карпош вчера попладне објавија активисти за заштита на животните. Во објавите на социјални мрежи се наведува дека кучето кое било маалски миленик е убиено со огнено оружје, најверојатно пушка.

-Маалскиот миленик Тоби од Млечен, мирно куче кое сите таму го чуваа и хранеа, за жал го пронајдоа убиен и пукан со пушка спроти ресторанот Сидро. Некој монструм се дрзнал насред Карпош да пука со пушка во најмирното куче насред бел ден, помеѓу 8:30 и 09:00 утрово. До кога ќе се дозволува вакви психопати да шетаат слободно? Пред некое време во близина беше пукано и во нашиот маалски миленик Џамбо и ништо чудно да се работи за истата будала што може утре да пука и во човек. Доколку некој има некакви информации, ве молам споделете да помогнеме на МВР побрзо да се пронајде, напиша активистка Тина Мицковска на Фејсбук објавувајки и фотографија по немилиот настанот.

Ова повлече и реакција на други граѓани. Тие реагираат и на употребата на огненото оружје среде град.

-Кучето било застрелано помеѓу 8:30 и 9 часот утринава. Што означува дека на убиецот не му било важно дека тогаш одат деца во училиште или градинка. Дека родители одат на работа. Едноставно не му било важно затоа што знае дека нема да одговара, се потенцира од страна на граѓаните.

Претходна вестКазнети 202 лица, не ги почитувале сообраќајните правила и прописи
Следна вестСрбија и Косово се договорија само да се договараат во Скопје