Махатели и Шестериков во „Лебедово езеро“

Маја Махатели од Грузија и Артур Шестериков од Русија, се солистите, првенци на Холандскиот национален балет и уметници, кои ќе настапат на сцената на МОБ в недела, на 12 мај во 20 часот. Нивната изведба ќе биде за величенственото „Лебедово езеро“ од Чајковски.
Инаку пред само три дена почнаа 47-мите по ред Мајски оперски вечери, со изведба на футуристистичката „Аида“ на Верди,како што ја нарекоа критичарите. Така ќе бидат и затворени на 31 мај.