Мајката на бебето со Ковид-19: 15 дена сме во болница и ниеден доктор не ни кажа резултати

Сечие трпение и сечија истрајност има крај, напишала Александра Ангелова, мајката на четиримесечното бебе кое беше примено со Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје, на Фејсбук. Таа реагира на тоа, како таа и бебето се третирани на клиниката. Ви ја пренесуваме целата реакција:

-Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката. Кога и човек како мене со челични нерви успеавте да го изреволтирате. Кого лажете за добра комуникација меѓу доктор и пациент? Да лежиш 15 дена на инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ни зошто примаш терапија и зошто те боцкаат? Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана??? Три дена да ти велат дека ќе земат брис од бебето, а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши? Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече не си одите? Еден со друг не сте усогласени и зборувате за добро менаџирање. Две недели еден доктор ме преслуша и сега наеднаш здраво бебе ќе чека да си оди, бидејќи вам сега ви текна да ѝ земете крв на мајката, за која некои од докторите не знаеја ни дали е хоспитализирана. Со чии нерви си играте вие? Штом не можете на крај да излезете со стабилните пациенти, Господ нека им е на помош на критичните. Единствено големо браво за педијатарот, целосно посветена и одговорна. Сечие трпение и сечија истрајност има крај.

П.С. Додека ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!, напишала Ангелова.