„Мајстор“ добил кривична откако наплатил 55 илјади денари за кујна која никогаш не ја направил

Триесет годишниот А.М. од с. Врапчиште гостиварско, заработил кривична пријава бидејќи земал капар за кујна, но никогаш не ја направил. Откако оштетениот по тримесечно чекање и платени околу илјада евра сфатил дека е измамен, случајот го пријавил во полиција.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М. од село Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Имено, на 20.12.2022, пријавениот се договорил со лице од Тетово да му направи кујна, по што земал мерки и добил капар од 55.000 денари, но никогаш не ја испорачал нарачката, велат од МРВ.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Претходна вестИсчезна Самоил Костадиновски од Скопје, семејството се сомнева дека е киднапиран
Следна вест„Андреграунд“ на Кустурица во пет најдобри воени филмови од 90-тите