Македонската ракометна репрезентација со пораз го почнаа Европското првенство. Четата на селекторот Кире Лазаров претрпе пораз од Франција со 10 голови разлика. Резултатот можеше да биде помалку болен, особено откако се виде во првите 15 минити од натпреварот дека нашите репрезентативци не заостануваат многу на технички план пред француските ѕвезди.
Но, на физички план…
За ова по натпреварот зборуваше и искусниот селектор Лазаров:
-Мене ми е јасно зошто губиме од вакви противници и не можеме да бидеме рамноправни 60 минути. Треба да го промениме менталитетот и да вложуваме во тој физички план. Таа физичка подготовка ни фали, мора да се работи, тоа ни треба во сите спортови, инаку ќе заостануваме, вели македонскиот селектор.
Тој укажува дека „колку и да си ракометно добар, таа физичка спрема и снага е најмногу важна“.
-Тие се професионалци, работат сами на себе, ние во Македонија се тераме да работиме. Мора да се мотивираме, мора да се уценуваме да работат. Тој менталитет треба да се промени не само во ракометот, туку и во сите спортови. Инаку и понатаму ќе заостануваме, вели Лазаров.
Најдобриот македопнски ракометар на сите времиња потенцира дека „сега имаме добра макеоднска лига, но треба поквалитетен ритам на средбите, еден побрз ритам, да нема влечење по терен. Самите видовте дека за пет минути разликата може да оди од три на 13 разлика“
Инаку на натпреварот во одлично издание се покажа нашиот голман – Никола Митревски. Имаше 10 одбрани, а дел од нив беа феноменални. На висина на задачата беше и пикерот Жарко Пешевски.
На македонските ракометари на 14 и 16 јануари им следат натпревари со Германија и Швајцарија.