Македонците од Бугарија го прославија Илинден во Мусомиште

Со народна прослава и панихида македонските организации од Бугарија вчера почнаа да го прославуваат Илинден.

-Во организацијата на ОМО „Илинден“ – ПИРИН и на останатите македoнски организации прославата се одржа во село Мусомиште, Гоцеделчевско, Пиринска Македонија. Отслужена беше панихида за загинатите за слободата на Македонија. Говор одржа Димитар Иванов од Шумен, а свиреше оркестарот на Велко Попов, објави организацијата ОМО „Илинден“ – ПИРИН на својата Фејсбук страница.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да не се плаши да каже дали Ковачевски му се заканувал
Следна вестПоскапува дизелот, бензините со иста цена