Македонец ја пронашол тригодишната Марија од Србија која се загубила во Грција

Македонец од скопско Миладиновци Сашко Радуловиќ вчера успеал да ја пронјде тригодишната Марија од Србија која се загубила за време на одморот во Грција. Веста за ова беше споделена на Фејсбук-страницата Грчка.инфо на која првично беше објавена веста дека малото девојче се загубило во летувалиштето Неа Флогита каде била со семејството.

– Најдовме тригодишно девојче кое беше изгубено во Неа Флогита, во близина на Филатеки. Нејзиното име е Марија, доколку некој ги знае родителите нека не извести – напишал Сашко во групата „Грција инфо“ а со објавата објавил и слика од девојчето.

Сашко повикал полиција, која дошла по повеќе од еден час по објавата и го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.

Нешто подоцна Сашко објави дека девојчето е со своите родители.

-Среќен крај, Марија е кај своите родители, објави доцна синоќа Сашко на оваа социјална мрежа.

Српските медиуми информриата дека Сашко ја пронашол Марија околу 23 часот, а таа не знаела да каже од каде е и како и се викаат родителите. Таа само кажала дека има брат Андреј и дека мајката и се вика Ана. Сашко и купил сок и зборувал со неа додека на стасала полицијата. Потоа биле пронајдени и родителите.

Бројни граѓани – членови на Фејсбук групата Грчка.инфо во своите пораки му искажуваат благодарност на Сашко Радуловиќ.

Претходна вестЕурофарм ги доби ривалите во Лигата на шампионите
Следна вестДрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода