Македонец почина од срцев удар на граничен премин

На граничниот премин со Србија, на излез од соседната држава, денеска починал 60-годишен македонски државјанин, потврдија за „Новости.рс“ од српското обвинителство.

Се наведува дека Македонецот одел до контролната кабина на преминот кога ненадејно паднал. Судскиот лекар потврдил дека мажот починал од срцев удар.

Претходна вестГрадоначалникот на Гази Баба Стефковски секој вторник два часа ќе комуницира со граѓаните
Следна вестПостапката за промена на Уставот ќе започне најдоцна во јули