Голот кој го постигна Александар Трајковски на вториот натпревар во Саудиска Арабија беше доволен за освоен бод на Ал Фејха на гостувањето во Ал Тавон. Овој шут во мрежата на македонецот му обезбеди место меѓу најдобрите играчи со највисока оценка во домашното првенство, меѓу кој е и Роналдо.
Генералната оцена на Трајковски е 7,3 таа беше доволна тој да се најде во тимот на колото во Саудиска Арабија.
Инаку, во тимот на колото (тим на неделата) Македонецот фигурира како лево крило во офанзивата и му прави друштво на Кристијано Роналдо во нападот, кој поради својот хет-трик, очекувано има највисока оценка 9.2.
Покрај Трајковски и португалецот во офанзивната четворка на листата се најдоа Медран и Лопез.