Македонец меѓу напаѓачите на криминален лидер во Украина

Обид за мафијашко убиство во Украина во кое учество имал и државјанин на Македонија. Ова го потврдуваат украинските власти.

Имено, Македонец, Црногорец и Србин се осомничените кои се обиделе да го убијат наводниот лидер на кавачкиот криминален клан, Радоја Звицер, во Украина. Украинските органи ги уапсиле напаѓачите и ги идентификувале.

До нападот дошло во близина на елитен станбен комплекс во украинскиот главен град Киев, а според тамошната полиција, главните причини за обидот за атентат биле криминални активности на жртвата, можна прераспределба во криминалната организација, како и меѓу балкански криминални кланови кои ја контролираат трговијата на дрога.

Инаку, по обидот за убиство почнала интензивна потрага по напаѓачите. Тие сакале да побегнат, но украинската полицијата успеала да им влезе во трага преку надѕорните камери и биле фатени.

Осомничените во Украина дошле на почетокот на мај и долго време ја следеле жртвата. Звицер бил погоден пет пати и се здобил со повреди опасни по животот, синоќа бил опериран и се наоѓа во тешка состојба, пренесуваат тамошните медиуми.

 

Претходна вестЈП Водовод и канализација: Долговите до 31 декември 2017 може да се платат без камата
Следна вестСкопјанец шетал со марихуана во центарот на градот