Home АКТУЕЛНО Македонец осомничен за двојно убиство во Малта

Македонец осомничен за двојно убиство во Малта

0
Македонец осомничен за двојно убиство во Малта

Македонецот Виктор Д. е уапсен на Малта како второосомничен за двојно убиство што се случило во градот Слиема.

Тамошните медиуми пренесуваат дека тој бил уапсен по драматична потера во Гзира. По пријава, полицијата го опколила хотелот во кој се криел. Осомничениот кога сфатил дека е опкружен излегол на покривот по што следела потера. Како што се пренесува тој работел како обезбедувач во ноќен клуб во местото Пачевил.

Првоосомничен за убиството е албански државјанин кој бил изведен пред суд и се изјаснил за невин.

Двајцата се обвинети за убиство на Кристијан Пандолфино и неговиот партнер Ивор Мациејовски. Тие биле убиени во нивниот дом во Слиема на 18 август со огнено оружје. Двајцата биле колекционери на уметнички дела.