Maкедонија денеска го игра првиот меч на ЕП против Словенија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска го започнува својот поход на европското ракометно првенство. Домаќини на годинашното ЕП се Унгарија и Словачка.

„Жолто-црвените“ обезбедија место на собирот преку квалификациите и ја чекаат три средби во првата, групна фаза, против селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска.

Македонските ракометари ќе играат во групата во Дебрецин, Унгарија.

Вечер од 18 часот, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе се сретнат со Словенија, по два дена (15 јануари) во исто време со Црна Гора, додека, на 17 јануари од 20:30 часот силите ќе си ги одмерат со Данска.

Ракометната репрезентација на Македонија досега учествувала на вкупно шест Европски првенства и тоа во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија, Норвешка, Шведска (2020).

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на СДСМ цените на храната за една година зголемени и над 25 отсто
Следна вестПендаровски ќе има средба со Македонците од Бугарија