Македонија e „цикличен хибрид“ кој бележи значително опаѓање во годишниот извештај на Фридом Хаус

Назадување и сместување во групата на земји окарактеризирани како „циклични хибриди“ забележала Македонија во најновиот извештај на Фридом Хаус „Нации во транзит 2024″. Во извештајот на оваа американска организација за минатата година оценката за Македонија бележи опаѓање – од ланската 3.86 на 3.79.

Фридом Хаус во таа категорија става 11 држави, кои имаат карактеристики на автократија и демократија. Според оценката, Македонија е меѓу земјите во кои редовните промени во владејачката елита предизвикуваат недостиг на значајни структурни промени и каде ривалските партии, во кои доминираат личностите или личните определби на нивните лидери, постојано ги политизираат и заробуваат слабите институции.

– Во Северна Македонија има најголем пад во регионот после Србија. Годината беше обележана сополитичка поларизација и меѓупартиска борба во владејачката коалиција како и со опозицијата. Главната опозициска партија, продолжи да игра нагласено опструктивна улога. Северна Македонија страдала од назадување во примената на принципот на владеење на правото и попуштила пред упорната корупција на високо ниво, додека политичките партии влегле во конфронтација во врска со уставните амандмани наложени од бугарското вето што ги попречува напорите на државата да влезе во Европската унија, изјави за Гласот на Америка вели Александра Карпи, која е една од двајцата изработувачи на извештајот.

Таа доаде дека во Македонија се работи за „комбинација на реален политички плурализам и површни институционални промени“ илустрирајќи го тоа во случајот на Северна Македонија со примерот на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во егзил од 2017.

-Ниту тој, ниту неговите најблиски соработници, не се изведени пред лицето на правдата за нивните злоупотреби на функцијата. Уште полошо, со контроверзните промени на Кривичниот законик во 2023 се намалија казните за вакви злоупотреби, со што големи случаи беа отфрлени додека јавноста уште не се опоравила од фаталните коруптивни скандали во здравствениот сектор. „Тоа покажува колку е исполитизиран судскиот систем, потенцира Карпи.

Претходна вестЌе има ли ТВ соочување на сите претседателски кандидати? 
Следна вестПовторно се испраќаат лажни СМС пораки за наводни пратки