Темно Режим Светло Режим

Македонија Ѓорче Петров и Арсими се нови прволигаши, Башкими ќе игра бараж против Беса

Последното коло во Втората македонска фудбалска лига не донесе никакви изненадувања и ни понуди доста очекувани резултати, па така двата главни фаворити за пласман во Првата лига обезбедија место меѓу елитата.

Македонија Ѓорче Петров и Арсими ги заверија пласманите во најсилното фудбалско друштво во нашата земја, а иако такво нешто беше познато за „лавовите“ по казната која ја заработи Башкими, тимот од Гостивар денеска со сигурна победа осигура прволигашки статус.

Арсими славеше на гостувањето кај Вардар Неготино со 0:4 и го осигура второто место, додека приматот на шампион во Втората македонска фудаблска лига му припаѓа на тимот од Ѓорче Петров.

Македонија одигра реми без голови против Беласица во натпревар кој немаше големо резултатско значење, додека Башкими победи со 0:1 против Брегалница, но скапо го плаќа бодовите кои беа одземени поради контроверзната победа против Кожув.

Башкими ќе мора да игра бараж за да обезбеди место во Првата лига, а противник во плејофот ќе биде тимот на Беса.

Уште од претходно познато е дека третолигаши се Борец и Вардарски, додека Осогово ќе игра бараж за опстанок во Втората лига.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Говорите за хаос, а државата ја оставивте во урнатини

Следниот Пост

Алкалоид со голема победа во Атина