Македонија го доби првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

35

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави дека нашата држава го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory), кој се реализира со поддршка на Министерството и со финансиска помош од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС.

– Ова е капитален проект со историско и национално значење. Нова страница во дигиталниот развој на Македонија во која Владата, универзитетите, индустријата, заеднички градат Национален систем за вештачка интелигенција. Носител на овој проект е Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) приук УКИМ во Скопје, со силна институционална поддршка од Министерството за дигитална трансформација и Владата, истакна Андоновски.

Проектот „Везилка“ е избран за финансирање преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС, а вкупната вредност изнесува нешто помалку од шест милиони евра. Финансиран е од ЕУ со кофинансирање од страна на Министерството, Владата и ФИНКИ.

-Со овој проект Македонија се позиционира како активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција што претставува огормен исчекор за нашата научна и технолошка заедница. Како што наведе вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ препозна дека капацитетот на моќ на супер компјутерите и инфраструктурата за вештачка интелигенција е фундаментален преудслов за технолошка автономија и конкуретност. Во таа насока таа најави дека овие фабрики за Вештачка интелигенција ќе се оторат и за Западен Балкан вклучително и со антени и во Македонија и во Србија – рече Андоновски.

Како што појасни тој, „Везилка“ е планирано да функционира како придружен центар на Европската фабрика за вештачка интелигенција (ФАРОС), со седиште во Грција. Ова партнерство, според Андоновски, ќе овозможи директен пристап до европски супер компјутери и напредни податочни простори што ќе биде достапно за јавни институции, стартапи, компании и истражувачи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПочина Владимир Блажев – Панчо
Следна вестБитола прераснува во град на паркови и детска радост, кажа Коњановски