Испразнети села: Нема кој да гласа во 6 избирачки места во Маврово Ростуше

Повеќе набљудувачи отколку гласачи има во шест избирачки места на територијата на Маврово – Ростуше, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Затоа таа ги упати гласачите во други најблиски гласачки места, бидејќи во нивните нема да се организира гласањето за избор на градоначалник во оваа општина.

Изборниот ден е утре.

– ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираат од таму.

Претходна вестВтор ден портокалова фаза во Македонија, температури и над 40 степени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дозволи создавање Комисија за историски прашања која треба да ги ретушира македонските учебници