Македонија избра претставник за детски евросонг

Викендот Македонската телевизија го избра годинашниот претставник на детски евросонг, што ќе се одржува во ноември во Гливице, Полска. Станува збор за прилепчанката Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“.
Македонската радио-телевизија соопшти дека по аудицијата одржана во саботата, на која учествувале 18 кандидати, комисијата едногласно ја избрала Мила Москов оценувајќи дека има најдобар настап, поседува извонредни пејачки способности и достојно ќе ја претставува Македонија.