Вчера покрај плеј-офот во Лигата на Нации се играа и бараж натпреварите, па така ги добивме и сите учесници, а познати се и шеширите пред ждрепката за наредното издание.
Македонија се пласираше во ранг погоре и од наредната сезона ќе игра во Б-лигата и во овој сегмент ние сме една од репрезентациите со полош рејтинг поради тоа ќе бидеме сместени во последнито четврти шешир.
Заедно со нас тука се уште Шведска, Северна Ирска и Косови и тоа значи дека против нив нема да може да играме.
Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
Шешир 2: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина
Шешир 3: Словенија, Грузија, Ирска, Романија
Шешир 4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово