Македонската кошаркарска репрезентација го одигра последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Без шанса за пласман, но со огромна желба за победа, нашите кошаркари истрчаа на теренот против далеку посилната репрезентација на Унгарија.
Со победата од 82:75 во СРЦ Кале, нашата подмладена екипа покажа дека знае и може да победува. Уште на стартот на циклусот, новиот селектор Марјан Илиевски изјави дека ова е млада репрезентација која допрва ќе треба да се докажува.
Најдобар во нашите редови вечерва беше Вајли со 23 поени и четири скокови, а одлично се покажаа и бековите Тошковски и Митревски со по 14 постигнати поени.
“Им честитам на играчите бидејќи денеска покажаа дека можат да одиграат натпревар во кој ќе си го знаат точното место во тимот и како ќе функционираат во него. Кажав дека контра-надпите ќе бидат наше најсилно оружје, го анулиравме и проблемот со скокови и слободно, можам да кажам дека напредуваме во однос на времето кое го имавме заедно. Ништо не може преку ноќ, за се треба време”, коментираше македонскиот селектор на прес-конференцијата по натпреварот со Унгарија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



