Македонија повеќе извезувала отколку што увезувала отпад

 

Во Македонија повеќе се извезувало отколку што се увезувало отпад. Ова денеска го истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

-Во 2015 и 2016 година е увезена најголема количина отпад. Сега станува збор каков е тој отпад и дали се користи за нешто. Во С. Македонија не можете да увезете отпад за да го складирате и затоа „Дрисла” никогаш и не добила дозвола за да може да земе од некаде отпад и некаде да го стави. Се увезува отпад единствено за да се преработи, рече Макрадули.

Тој појасни дека сега количините се драстично помали.

-Македонија е дел од еден систем наречен Базелска конвенција, меѓународни ратификации. Ние сме потписници на Договорот за стабилизација и асоцијација. Ги хармонизираме законодавствата и ние не можеме да бидеме надвор од европските стандарди. Ние мораме да изградиме систем на враќање доверба во институциите, истакна заменик министерот.

Макрадули гарантира дека со актуелната власт предводена од СДСМ работите одат легално, согласно законите и согласно интересот на граѓаните.

Инаку, тој  истакна дека аерозагадувањето можеме да се реши само ако се справиме со изворите на загадување и посочи дека се подготвени и до 2024 година се планира да не постои јавна институција што ќе загадува.