Македонија повторно загуби од Грузија

Македонската машка кошаркарска репрезентација повторно загуби од Грузија сега во Скопје со 79:65.

По четири кола имаме четири порази во групата со Шпанија, Грузија и Украина и мали шанси да продолжиме во втората фаза во битката за место на Мундијалот во 2023 година.

Повторно немавме решение за натурализираниот Грузиец, Тед Мекфејден, кој вечерва постигна 24 поени,или вкупно 50 на двата натпревари.

Шансата за подвиг и победа беше пропуштена во финишот на првото полувреме кога дозволивме од позитива 31:28, Грузија да ни направи серија од 12:0 и да замине со предност од 43:35 по првото полувреме.

Најдобар кај Македонија беше Ненад Димитријевиќ кој финишира со 25 постигнати поени, пред Војдан Стојановски кој реализира 13 поени, додека Бојан Крстевски постигна 11 поени. Кај Грузијците очекувано блескаа Мекфејден со 24 и Шермандини со 13 поени и осум скока

Претходна вестДве улици во Центар денеска без струја
Следна вестСо 9.001 починато лице од вирусот Македонија на петто место во светот, анализата се уште се чека