Македонија со евролигашите Шортс и Нено во напад на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе го има првиот собир за последните два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Александар Јончевски ќе ги има најсилните адути.

За првпат во составот заедно ќе бидат двајцата евролигаши Ти-Џеј Шортс од Париз и Ненад Димитријевиќ од Олимпија Милано. На Македонија ѝ се потребни две победи на последните две средби против Естонија на гости и дома со Полска, но и една услуга од Литванија, па овој епилог да се повикаат најсилните шутерски решенија е очекуван.

Посебно затоа што Хап од Валенсија е повреден и не може да игра како странски кошаркар, па повикан напомош е Шортс кој има сезона за паметење во Евролигата и важи за еден од најдобрите играчи како член на дебитантот на елитата.

Останатите играчи се од домашното првенство и се очекува на број и без повреди да се појават на првиот собир попладнево од 18:00 часот. На првата прозивка, Јончевски ќе ги има и Димитријевиќ и Шортс кои доаѓаат попладнево.

Македонија е во напад на Европско првенство за првпат по една деценија. Последен пат меѓу европскиот крем бевме во 2015 година на ЕП во Хрватска.

Претходна вестСе појави шуга во основно училиште во кумановско
Следна вестОд полноќ ново поскапување на горивата