Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Олимпико“, во претпоследното коло ќе гостува кај актуелниот европски првак Италија. Италија мора да победи, доколку сака да ги задржи шансите за пласман на ЕП, додека Македонија ќе игра за својата чест.
Со оглед на тоа дека последните неколку натпревари, на Италија им направивме вистински пекол, домаќините вечерва ќе бидат максимално мотивирани, но и дефинитивно поттајно неизвесни до самиот финиш.
– Играме против една многу квалитетна репрезентација, очекувам да излеземе на терен и да покажеме што знаеме против една голема Италија. Нема да се исплашиме од атмосферата која во Рим секогаш е одлична. Дојдовме да одиграме најдобро што знаеме и да се обидеме да освоиме три бода. Сигурен сум дека Италија нема да не потцени, рече на прес-конференцијата пред натпреварот единствениот Македонец кој игра во Серија А, Елиф Елмас.
Еве ги составите кои Газета вечерва ги очекува од двете репрезентации. Италијаните очекуваат Македонија во нападот да игра со Барди, Елмас и Миовски.
Италија (4-3-3): Донарума – Дармијан, Гати, Ачерби, Димарко – Барела, Жоржињо, Бонавентура – Берарди, Распадори, Киеза.
Македонија (3-5-2): Димитриевски – Манев, Серафимов, Муслиу – Атанасов, Ашковски, Елези, Барди, Алиоски – Елмас, Миовски.
Стадионот „Олимпико“ е речиси распродаден, се очекуваат околу 55.000 навивачи, а повеќе од илјада ќе бидат и македонски фанови.