ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот тежок 2,6 милиони евра на Лотарија смрди на криминал, одговорност мора да има

Скандалите околу Артан Груби се како бунар без дно. Кај да се свртиш околу него ќе видиш матни зделки и бизниси кои смрдат на корупција и криминал. Последниот случај е поврзан со Лотарија. Прпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби! Според сета логика, лица од блиска доверба на Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Лицето Армин Машовиќ кој што е еден од клучните играчи во овој бизнис со лотарија во исто време е од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас. Изврзани се како црева со една цел да прават матни зделки и да испумпуваат народни пари. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал молчи, Ислам Абази слика има тон нема кога се работи за скандали поврзани со ДУИ, а Јовевски хибернира. Она за кое што се платени од народот да го работат, тие го забошотуваат. Едниот заради тоа што е седнат во скутот на кланот Зајас, а другиот затоа што уште се надева на уставен судија. Тоа што молчат ги прави соучесници. За овој скандал, како и за многу други, ако ова обвинителство не сака да се занимава, ќе се занимаваат ослободените институции после изборите. Одговорност мора и ќе има, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестКазнети 481 возачи во Скопје, 79 од нив возеле пребрзо
Следна вестСДСМ: Две години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати