„Македонисимо“ од Трпчески вечерва премиерно во „Музикферајн“ – Виена

Проектот „Македонисимо“  посветен на македонскиот народ основан од нашиот меѓународно истакнат пијанист Симон Трпчески ќе биде премиерно изведен вечерва во Виена.Трпчевски и пријателите ќе ја изведат „многу македонски“ во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ со почеток во 20 часот.

Во аранжман на композиторот Панде Шахов, квинтетот во чиј состав се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев ќе бидат изведени бисерите на македонската традиционална музика заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар, под диригентската палка на Јутака Садо од Јапонија.

Проектот „Македонисимо“ е комплетна идеја на Трпчески, која има за цел да ја промовира макеонската музика секаде низ светот. Прв пат премиерно беше изведен на 18 мај 2017 година, на фестивалот Лудвигсбург, Германија.

Претходна вестРуски медиуми: Украинците ја нападнаа нашата територија, држат заложници
Следна вестАпанажи или Лапанажи: Треба целосно да се укинат, Македонија нема пари за тоа, потребни се за лекови, градење…