Македонската Армија доби нови 200 професионални војници

Вкупно 200 нови професионални војници од денеска се во редовите на Македонската Армија. Ним, на денешната церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје, решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска.Таа изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.

-Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас, порача Петровска.

Таа информира дека Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра.

-Тоа се средства кои по различни основи се наменети за континуирано покачување на платите, надомест за станарина од првиот месец на стапување на должност, набавка на нова софистицирана опрема, надоместоци за зголемено учество на мисии, поддршка за вежби, појасни министерката.

Од примените 200 професионални војници, 184 се мажи 16 жени со застапеност од сите етнички заедници. Јавниот оглас за прием на новите професионални војници на служба во Армијата беше објавен во септември годинава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства за станбено обезбедување од 1 јануари 2023 година.

Претходна вестЛука Дончиќ стана првиот играч во НБА со 60 поени на еден меч
Следна вестМаск потврди дека сите социјални медиуми цензурираат содржина по налог на ЦИА