Македонски државјанин ја избодел својата жена во Германија, со нож ја бркал по улица

Македонски државјанин ја прободел својата сопруга пред внукот и ќерката во стан во Германија, пишува германски „Билд“. Како што пишува германскиот медиум, немилиот настал се случил во саботата во Дорстен, кога дедото и бабата дошле во посета на ќерката и внукот. Избувнала кавга, по што дедото (43) ја избодел својата сопруга (42).

Децата и соседите гледале како жртвата со убодни рани бега од сопругот и колабирала пред станот. Сведоците и пришле на помош и повикале полиција.

– Млада жена која живее таму со бебе, раскина со своето момче затоа што ја претепа. Често слушавме викање, изјавил сосед за Билд.

Меѓутоа, нејзиниот татко наводно не се согласувал со разделбата, поради што веројатно се скарал со неговата сопруга.

Откако била избодена од сопругот, жртвата искрварена избегала низ ходникот, додека сопругот ја бркал.

– Во моментот кога трчаше по ходникот, ја отворив вратата од станот бидејќи ја чекав сопругата. Тој застана пред мене, со нож во рацете. Сакаше да влезе внатре, но јас брзо ја затворив вратата, рекол друг сосед, стои во текстот.

За среќа, мајката и бебето се неповредени. Полицијата го уапсила дедото на лице место и го однела во полициска станица на распит. Повредената жена преживеала, откако е оперирана и нејзиниот живот повеќе не е во опасност.

Претходна вестНаредена евакуација околу нуклеарката во Запорожје, можен е нуклеарен колапс
Следна вестСо „Набуко“ вечерва се отвора 51. издание на Мајски оперски вечери