Темен режим Режим на светлина

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство

Судот во Солун вчера одобрил екстрадиција на 34-годишен државјанин на Северна Македонија во Германија, каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж, објави „Катимерини“.

Тој бил уапсен во мај на граничната премин Евзони, при рутинска проверка која покажала дека против него е издадена европска потерница.

Кривичните дела, според документите на германското обвинителство, се извршени во февруари во мал град во сојузната покраина Хесен. Осомничениот наводно патувал во Германија на службена должност со сограѓани и престојувал во соби изнајмени од жртвата. Сторителите, според германските органи за спроведување на законот, го врзале и му ја затвориле устата на 81-годшниот маж, земајќи пари од неговиот дом. Неговата смрт била предизвикана од задушување.

Пред судиите на Апелациониот совет, 34-годишникот побарал да не биде екстрадиран во Германија, тврдејќи дека на неговото семејство, кое живее во Велес, ќе му биде полесно да го посетува во грчки затвор. Судот го отфрлил неговото барање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Путин: Иран не барал руска воена поддршка во конфликтот со Израел

Следна објава

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со брзина од 121 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час