Македонски математичари се враќаат со шест медали од Балканската математичка олимпијада

Голем успех постигнаа млади македонски математичари на Балканската математичка олимпијада што се одржува во Турција. Тие освоија вкупно шест медали: еден златен, еден сребрен и четири бронзени.

Златен медал освои Никола Спировски, сребрен Дамјан Давков, а бронзени Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветановски и Алек Танаскоски.

Олимпијадата стартуваше на 8-ми мај во Анталија, Турција. На годинешната БМО, покрај 11-те официјални репрезентации, учествуваа уште 12 гостински репрезентации. Нашата земја учествуваше по 30-ти пат, и ја претставуваа: Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Јан Стојановски, Никола Цветаноски, Никола Спировски и Алек Танаскоски.

Водач на тимот бил Никола Велов, заменик водач Петар Филиповски, а обзервер Никица Давкова. На ланската Олимпијата беа освоени четири медали.

Претходна вестОблачно со сончеви периоди и попладневен дожд
Следна вестАпасиев го тужи Талат Џафери заради политичка дискриминација