Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите и нивните барања

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животен стандард и достоинство. Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена.

-Се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани? Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија, велат од таму.

Жално е, како што додаваат, кога ќе се види какви се студентските домови во регионот и во Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите.

МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живеење и достоинство.

Претходна вестТешко повредена жена во сообраќајна несреќа во прилепско
Следна вестКривична пријава за скопјанец кој силувал 69-годишна жена