Темен режим Режим на светлина

Македонскиот државен врв засилено лобира, објаснува и бара гаранции, има ли Брисел доволно слух за тоа?

Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

Македонскиот државен врв деновиве ја засили дипломатската офанзива во европските центри, со јасна порака – земјава сака членство во EУ, но не по цена на понижување, уцени и отстапки што го засегаат идентитетот.

Претседателката Сиљановска-Давкова во Загреб повика на фер третман и почитување на националните обележја, додека министерот за надворешни работи Муцунски продолжува со дипломатски активности со европските партнери. Пред тоа, премиерот Мицкоски во Брисел, на средби со лидерите од Европската народна партија, повторно лобираше за македонските позиции и евроинтеграцијата.

Добро е што Македонија објаснува, лобира и бара гаранции дека државата нема и во иднина да налетува на нови вета.
Има ли во ЕУ доволно слух за сето ова?
Претходната власт предводена од СДСМ го навикна Брисел дека треба да очекува само клечење од македонските политичари. Затоа и со години Унијата ни испраќа недоречени и контрадикторни пораки, де ветува проширување, па де поставува нови услови.

Најновите дипломатски активности на сегашната македонска власт се повеќе од нужни и треба да продолжат. Сепак, Брисел освен што треба внимателно да ги ислуша нашите аргументи треба и да расчисти која е всушност нивната стратегија за проширувањето.

А во меѓувреме македонскиот државен врв треба и дома да работи, да ги спроведува реформите и да чека разјаснување – што всушност сака ЕУ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“

Продолжува судењето за трагедијата во Кочани

Следна објава
Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“

Сведок тврди: Побарано било да не се отвори дискотеката