Македонскиот писател Гоце Ристовски доби меѓународна награда

Жирито на 8. Меѓународни театарски фестивал што се одржа во Анадолија, Република Турција му додели меѓународна награда за драмски автор на македонскиот писател Гоце Ристовски. Високо е оценет неговиот допринос во областа на драмската уметност.

– Жирито ги вреднуваше домашните и странските театарски движења и одлучи да бидат наградени театарски луѓе кои ја збогатиле со својот придонесе театарската уметност во периодот 2022-2023 година. Во областа на драмската литература Жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски во драмската литература преку неговите драми, вреднувајќи ги високо и со задоволство му ја додели „Меѓународна награда за драмски автор, се вели во образложението.

Наградите доделени на лица, институции и организации ќе им бидата врачени на свечена церемонија што ќе се одржи на 24 април 2023 година.

Претходна вестНови пукотници во Скопје, повреден полицаец пренесен на Ургентен
Следна вестЖена почина на пат кон болница после тешка сообраќајка