Македонскиот поет Митко Гогов на еден од најголемите фестивали на поезија во Колумбија

На 31от Меѓународен поетски фестивал во Меделин, Колумбија, ќе се чита поезијата на македонскиот поет Митко Гогов. Фестивалот ќе се случува од 1 до 29 август, а песните ќе се читаат на мајчин јазик, со шпански и англиски препев. Колумбискиот фестивал е еден од најголемите и најдобри светски поетски фестивали, оти има публика од 500 илјади гледачи, а досега од нашата држава учествувале и Матеја Матевски, Катица Ќулавкова, Лидија Димковска, Никола Маџиров.

37-годишниот Гогов пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Автор е на збирките поезија „Ледена вода“ (2014) и „Скриено писмо“ (2019), во издание на издавачката куќа Антолог, а годинава треба да излезе од печат неговата трета стихозбирка „Линијар бројки“.

Како дел од програмата на фестивалот се светски поети како Ко Ун, Чарлс Симиќ, Адунис, Елена Попески, Пол Мултон, Каролин Форше, Роберт Хас и други.

Претходна вестКој е виновен што луѓето се собираат по викенд журки и ги кршат мерките?
Следна вестСончево со умерена облачност, температура до 14 степени